„Michaelis Boyd Associates“, архитектонско студио од Лондон, неодамна го завршија редизајнирањето на „Benguerra Lodge“, луксузен ресорт кој се наоѓа на истоимениот недопрен остров во Индискиот океан.
Проектот вклучувал комплетна обнова и модернизација на веќе постоечкиот дом кој е сместен во шума, покрај бела песочна плажа и во која може да уживаат 15 гости.
Просторот вклучува комбинација од традиционални елементи како кров од слама, робусни ѕидови и дрво, но и современ дизајн за беспрекорна елеганција.