Ова мало древно селце по име Залипие, се наоѓа во југоисточниот дел на Полска, и е една од помалку познатите туристички атракции на земјата. Можеби во него нема да најдете хотели со пет ѕвезди или стаклени облакодери, но ќе бидете пречекани од шармантни дрвени колиби, бојадисани во вибрантни бои.
Оваа необична традиција започнала пред повеќе од еден век, кога немажените девојки од Залипие започнале да ги бојадисуваат куќите со цветни мотиви. Со оскудните материјали кои тие ги користеле на почетокот, било задолжително да ја обновуваат бојата секоја година. Така, овој обичај започнал да се пренесува од генерација на генерација, а декорациите станувале се пораскошни и поколоритни. Девојките наоѓале инспирација во природата со која е опкружено селото.
Една жена по име Фелиција Чурилова била толку многу опседната со овој обичај, што детално ја декорирала секоја соба во нејзината колиба. По нејзината смрт куќата била претворена во музеј.