Познато е дека синаповото семе дава одличен ефект како при болки во грбот и зглобовите, така и против настинка. Доколку не располагате со вакво семе, може да корстите и еден полесно достапен продукт, кој се подготвува од него, а тоа е природен сенф.
Едноставно намачкајте ги стапалата со сенф и завиткајте ги во некоја тканина.
Потоа облечете волнени чорапи, легнете и задржете ги колку што можете повеќе. Откако ќе ги отстраните, добро е малку да се движите, за да го подобрите крвотокот на стапалата. Најдобро е да користите овој метод навечер пред легнување, а доколку е неопходно и неколку вечери по ред. Уште по првата процедура, ќе се чувствувате многу подобро, а симптомите на настинка значително ќе се редуцираат.