Cafe Del Mar

Намалете го вишокот килограми без ригорозни диети

Би било добро кога би можеле со дебелите јакни, да ги симнеме масните наслаги…но…

Доаѓа летото кога сакаме својата линија да ја доведеме во ред, еве потсетник, со малку трикови кои се ефикасни и побезболни од диетите…

Што повеќе различна храна..

Тоа е тајната на вашата линија. На Вашето тело му требаат преку 40 различни хранливи состојки кој потекнуваат од храната со високи вредности. Според вашата оптимална телесна тежина зависат и количините во вашата исхрана,а нема да пстигнете резултати , доколку јадете еднолична храна.

Интегрален леб:

Да, и лебот и интегралните житарици, му се потребни ва вашиот организам, но треба да се јадат умерено и да се прилагоди внесот на калории во телото. Притоа водете сметка за тоа , дали сте активни, која е вашата тежина и висина и прилагодете ја количината храна за вашето тело.

Јадете редовно и често

Изгладнувањето, укажува на непромислени тактики како што се прејадување и подлежи на навики од сите врсти: ќе се навикнетеда јадете одеднаш и непромислено да внесувате намирници кои нема да помогнат да станете повитки.

Јадете го тоа што го сакате

Отстапувањето од храната која ви причинува задоволство, може да ве натера да западнете во искушенија да се прејадувате. Ви препорачуваме само да ја намалите количината а не потполно да се откажете… Доколку сакате десерти, јадете пловина, и ретко, но не никогаш. Не се самоказнувајте со грижата за исхраната.

Пазете на мастите

Не јадете редовно масна храна, масно месо, полномасни преработки. Водете сметка на на се што ќе внесете во тек на 3 ена, променете ги навиките и тие намирници заменете ги со немастна врста.

Запознајте ги своите непријатели

За да ги поправите неповолните прехрамбени навики, морате да знаете да ги препознавате.Водете сметка на се што ќе изедете во рок од три дена, ќе се изненадите колку сакате путер , колку мајонез мачкате да  лебиот и колку кекс и чоколада изедовте .

Напредувајте чекор по чекор

Драстичните диети се обично осудени на пропаст. Обидете се да ги менувате лошите навики , постапно, но не одеднаш. Обидете се слатките пстапно да ги замените со овошјето кое ви е најомилено.

Вежбајте, вежвајте, вежбајте

Покрај непушењето и здравата исхрана,  телесната активност е најважниот влог за долговечност и добра форма. Но започнете умерено: ако одлучите во 2 дена да надокнадите се што сте пропуштиле ни тоа нема далеку да ве доведе. Почнете со стручен советник и консултирајте се најпрво со доктор. Да се вежба значи да донесете одлуки кои ќе траат месеци и години  а треба и да одберете активност која ќе ви причинува задоволство, а местото на вежбање, пожелно е, да биде блиску до вашата куќа.

Write A Comment