Заборавете на фактот што ваквиот проект е навистина економичен, и фокусирајте се на крајниот ефект – неверојатно кул лулка во облик на месечина.
Доколку сте во исчекување на нов, малечок станар кој ќе ви го зголеми семејството, тогаш значи дека се уште имате време да го подготвите ова мало изненадување за него, и да му направите креативно и необично легло за спиење.
Еко-дизајнот е брз и едноставен, а доколку сакате да ги направите дополнителните ѕвезди, тогаш веројатно ќе ви треба малку повеќе вештина и внимание, а можеби и време. Во секој случај, крајното бојадисување и декорирање на деталите остануваат на вас.
Она што е клучно при подготовката на овој проект е да набавите дрвени палети, и да се фрлите на работа. Видеото подолу покажува како: