Art & Crafts

Направете сами балсам за усни во микропечка

Жените кои се поборници за природна козметика сигурно ќе се одушеват од идејата за балсам за усни кои можат да го направат дома.

Еве што сè ви е потребно за тоа:

1. Маслиново масло

2. Кокосово масло

3. Пчелин восок

4. Една капсула витамин Е

5. Неколку капки есенцијално масло со мирис по желба

6. Стаклен сад и дрвено стапќе за подготовка на балсамот

7. Чиста лименка од стариот балсам во кој ќе го ставите новиот

Подготовка: Измешајте ги сите состојки и ставете ги во микропечка за да се стопат во хомогена смеса. Потоа ставете ја смесата во сад за балсам и оставете во фрижидер да се стврдне.

Write A Comment