Убавина

Направете сами домашен тоник против акни

Младите девојки, но и момчиња, кои имаат проблеми со акните, а тоа се случува често за време на пубертетот, можат да направат природно средство со помош на кое ќе ја исчистат кожата на лицето.

Потребно ви е:

  • 15мл органски јаболков оцет
  • 60мл вода
  • 3 аспирина и стаклено шишенце со пластично капаче

Измешајте ги водата и оцетот, па во шишенцето додадете ги аспирините и почекајте сосема да се истопат. Тоникот е спремен за употреба.

Write A Comment