Art & Crafts

Направете сами фармерки со бисерчиња

Сезонава актуелни се фармерки со цветен вез, ама во понудата на брендовте се провлече и еден друг модел на џинс – фармерки украсени со бисерни топчиња. Ги среќаваме во разни комбинации и на Инстаграм.

Еве како може и сами да ги направите преку следниов „шиечки“ туторијал:

Потребни ви се еден пар фармерки, во случајов светли, со boyfriend-крој и со малку искинати делови, потоа пластични бисерчиња, кои може да бидат во различни големини, и прибор за шиење. Избегнувајте тесни и стреч фармерки, бидејќи ќе имате проблем со „набирањето“ на материјалот и кинењето на бисерчињата.

2

На почеток наредете ги бисерчињата на фармерките за да си направите шаблон каде да ги сошиете.

3

При шиењето употребете два начина за да ги прицврстите на материјалот – секое бисерче сошијте го посебно со едно убодување, ова одзема повеќе време, но е најдобар начин да се избегне „набирањето“ на бисерите. Ако случано дојде до олабавување или кинење на конецот на кој стои топчето, ќе изгубите само едно бисерче. Вториот начин е да ги зашиете во низа – прво го протнувате конецот низ едно бисерче, го зашивате за фармерките, потоа со истиот конец ги прцврстувате и другите перли. При овој процес внимавајте да не бидат ниту премногу стегнато ниту премногу лабаво зашиени.

4

Вака изгледа конечниот изглед. При овој туторијал се употребено перли со различна големина, но и боја, некои се мат, некои седефасти и во нијанса на слонова коска.

6

 

Write A Comment