Art & Crafts

Направете сами: Природен освежувач на воздухот без хемија!

Освежете го вашиот простор со природни освежувачи без хемија!

Ќе ви биде потребно:

  • Една стаклена тегла.
  • Сода бикарбона
  • Етерично масло (вашиот омилен мирис)
  • Алуминиумска фолија или капаче од тегла

Подготовка:

  • Наполнете ја теглата со сода бикарбона, од прилика ¼ од теглата.
  • Во неа ставете околу 10 капки од своето омилено етерично масло.
  • Сега затворете ја теглата со капаче на кое претходно ќе му направите неколку дупчиња, или пак со алуминиумска фолија, на која исто така ќе направите неколку дупчиња.

Вашиот освежувач е подготвен!

Доколку планирате освежувачот да го ставите на некое видно место, тогаш најдобро изберете некоја симпатична тегла.

Од време, на време протресувајте ја теглата и свежиот мирис секогаш ќе биде присутен во вашиот дом!

Write A Comment