За да направите ароматичен сапун за раце, потребно ви е само маслиново масло и остаток од вашиот стар сапун. Многу е пријатен за кожа, а рацете ќе ви бидат миризливи, мазни и нежни.
Потребни состојки: 1/2 кг остаток од истрошено парче сапун, 2 лажички дестилирана вода, лажичка глицерин, пола лажичка етерично масло од цимет и масло од сладок портокал и маслиново масло.
Подготовка: Иситнете го сапунот, ставете го во голем сад, додадете ја водата, глицеринот, етеричните масла и добро промешајте. Додадете маслиново масло, но не претерувајте со количината за да нема јак мирис. Садот покријте го со чиста кујнска крпаи оставете да отстои десетина минути, додека не омекне за да можете да го обликувате. Колку е сапунот поста, толку побрзо ќе омекне. Потоа смесата обликувајте ја по желба, а најлесно е да правите форми од топчиња. Кога ќе завршите, наредете ги на хартија за печење и оставете ги да отстојат ден или два за целосно да се стврднат.
