Доколку имате проблем и не може да си најдете соодветно млеко за отстрануваше на шминка, кое нема да предизвика никаква иритација на кожата и очите, тогаш направете го сами. Така барем ќе бидете сигурни дека е направено од комплетно природни состојки.
Потребно ви е:
– Малку вода
– Една и пол лажица детски шампон кој не ги надразнува очите
– Мала лажичка кокосово или маслиново масло
Убаво измешајте ги состојките во еден стаклен сад, а потоа ставете ги во едно шишенце. Важно е пред секоја употреба убаво да го протресете за да се изедначат состојките. Со ова средство за отстранување на шминка сигурно нема да предизвикате иритација на кожата или очите. Пробајте!
