Доколку сте противник на дезодорансите и препаратите со сомнителен квалитет, ви носиме “рецепт” за потполно природен стик против потење кој ја негува кожата и ги спречува непријатните мириси.
Состојки:
* 6-8 лажици кокосово масло
* ¼ чаша сода бикарбона
* ¼ чаша пченкарен скроб
Подготовка:
Измешајте еднаква количина на сода бикарбона и скроб.
Постепено додавајте го кокосовото масло, па со лажица се добро измешајте.
Доколку сите состојки се добро поврзани треба да добиете смеса слична на купечки стик – тврда, но која можа да се размачка ( како мелем).
Со добиената смеса наполнете го апликаторот од некој стар стик или пак ставете го во некоја мала кутија за да можете да го нанесете со прстите. Ставете го кратко во фрижидер да се стегне и вашиот дезодоранс е подготвен за употреба.
