Оваа есен, направете го вашиот дом удобно и топло место за живеење со романтична, блага светлина и пријатен мирис со свеќите кои сами ќе ги направиле. Мирисот на ванила и кафе веднаш ќе му дадат топлина и убав мирис на вашиот дом.
Се што ви е потребно за да направите вакви свеќи
- Мал сад кои можете да го пронајдете во вашата кујна
- Стари недогорени свеќи
- Фитиљ за свеќи
- Зрна кафе
- Зрна ванила исечкани на ситни парчиња

Начин на подготовка
Во микробранова печка стопете го восокот. На дното на малечкиот сад залепете го фитиљот и држете го исправен. Ставете малку од восокот во садот, па додадете малку зрна од кафе и ванила. Потоа повторно додадете восок и повторно наросете зрна кафе и ванила. Повторувајте го ова додека не дојдете до врвот на садот.

