Мода

Нашата најголема слабост: Чизмите до колена

Не би рекле дека се враќаат, бидејќи тие секогаш биле актуелни, но чизмите со должина до или над коленото ни се голема слабост. Едноставни и без премногу детали, чизмите за оваа есен се едноставно прекрасни и секој од нас би сакал да се здобие со барем еден таков пар.

Чизмите кои го покриваат коленото се нудат во различни бои, модели и со интересни апликации и украси. Слични модели беа модерни во 80-тите години, но тогаш се носеа со кратки панталони, а сега девојките од модните блогови ги комбинираат со кожени здолништа, џемпери и наметки.

Карактеристиката на овие модели е меката кожа, која е припиена за нозете. Затоа чизмите над коленото се препорачуваат за послабите жени. Комбинацијата на чизми до или над колената со краток фустан или здолниште ни се допаѓа исклучително многу.

 

Напиши коментар