Cafe Del Mar

Не е важно што јадете…туку КОГА јадете !

Кога станува збор за исхраната, времето во кое јадете може да биде подеднакво важно колку и она што го јадете… Новото истражување покажува дека последиците од лошата исхрана по здравјето, делумно можат да бидат резултат на неусогласеноста помеѓу внатрешниот часовник и времето кога јадеме…

Доколку го ограничиме времето на внесување храна на осум часа, помалку ќе бидеме склони кон дебелење и други пореметувања на метаболизмот, во однос на оние кои јадат исто количество храна, но во текот на целиот ден.

Научниците го објаснуваат овој феномен со тоа што секој орган има свој час, односно постои одредено време кога црниот дроб, цревата, мускулите и другите органи работат, и одредено време кога истите спијат. Овие метаболички циклуси се клучни за процесите како разложување на холестерол и создавање на гликоза и би требало да бидат на врвот кога јадеме и да мируваат кога не јадеме.

Ако јадеме во текот на ноќта, може да се пореметат метаболичките функции. Принципот е ист како и кај спиењето и кога сме будни. Ако не спиеме добро во текот на ноќта, не сме потполно будни во текот на денот, како последица на тоа, работиме помалку ефикасно…

Овие откритија наведуваат на заклучокот дека ограниченото време на внесување на храна може да биде промена на начинот на живеење, која ќе помогне луѓето да не се здебелуваат. Во најмала рака, овие докази укажуваат на тоа дека ова е фактор на епидемијата таканаречена дебелина, за која мора поубаво да се размисли…

Напиши коментар