Motherhood

Не заборавајте го „ Денот на бракот“

Ако не сте голем фан на „ Денот на вљубените“, тогаш сигурно морате да знаете и за „ Денот на бракот“.  ???!!!

Светскиот ден на бракот се одбележува во втората недела од Февруари,  а во одредени земји се организира и недела на бракот, од 7 ми до 14ти Февруари.

Одбележувањето на Светскиот ден на бракот покрај нагласената тенденција за прикажување на негативностите на бракот во друштвата, отвара врати и за позитивни говори за браковите, кои и покрај неизбежните тешкотии, наоѓаат начин да растат во љубов и меѓусебна почит, со што заеднички го негуваат и обновуваат бракот.

Идејата започнува од САД, Луизијана, од 1981 година со намера да се одбележува секоја година, во втората недела од Февруари.

Конкретни идеи за сопружниците:

– Гледајте ги заедно фотографиите или видеото од свадбата.

-Раскажете им на Вашите деца како сте се сретнале или заљубиле.

-Потсетете се на заедничките спомени кои ви останале во сеќавање.

-Кажете му на брачниот партнер што најногу цените кај него и искажете љубов со зборови.

-Направете си го омиленото јадење или десерт и јадете го во романтична атмосфера.

-Напишете љубовно писмо до Вашиот партнер и кажете му колку Ви значи.

-Дарувајте си убав брачен викенд.

Напиши коментар