Сметаме дека златната е една од најчесто користените бои за празнична декорација и е особено погодна за Велигден. Скоро иста е ситуацијата и со бакарната боја, иако не е толку популарна. Овие бои додаваат шик и елеганција во ентериерот на домот и го прават по стилски. Започнете со фарбањето на јајцата во златна и бакарна. За контраст додадете и јајца со бела и црвена боја. Аранжирајте ги во кошнички, украсени со златна панделка. На пазарот се нудат разновидни златни чаршафи, салфети и Велигденски декорации за маса. А за да се создаде вистинско Велигденско расположение, ставете на масата златна вазна со свежи пролетни цвеќиња!


























