Cafe Del Mar

Неколку совети за побрз метаболизам …

Држите диети и вежбате…а резултатите се малку видливи ? Проверите дали правите се како што треба…

Јадете вистинска храна

Времето кога јадете игра голема улога, особено кога е во прашање појадокот. Ако го прескокнувате, телото ќе ја чува целата Ваша енергија, така што ќе го успори метаболизмот. Исто така не ги прескокнувајте здравите оброци во текот на денот.

Важно е и што јадете. Одредена храна како калциумот, чистите протеини, зелениот чај, кари и темната чоколада докажано го забрзуваат метаболизмот.

Бидете добро наспиени

Ако не спиете доволно, Вашиот метаболизам не може да работи правилно и се успорува. Уште полошо, слабиот сон му сигнализира на телото да го зголеми хормонот грелин кој му сигнализира на телото да јаде повеќе.

Интензивни кардио вежби

Правете интензивни кардио вежби 45 минути, повеќе пати неделно. Вашиот забрзан метаболизам ќе согори дополнителни 190 калории после вежбањето.

Хидрирајте се со вода

Веќе знаете дека е добро да се пие вода, но она што е подобро: германско истражување покажало дека кога ќе испиете половина литар водам, вашиот метаболизам се забрзува.

Напиши коментар