Еден од наједноставните начини за да добиете визуелно поголеми очи е виткањето на трпките. Најважно е секогаш пред нанесувањето на маскара да ги извиткате трепките. Доколку заборавите тоа направете го откако ќе се исуши нанесената маскара.
Долни трепки
Иако многу жени избегнуваат да нанесуваат маскара на долните трепки, познатите шминкери напомнуваат дека токму нанесувањето на масакра на долните трепки дава ефект на поголеми очи. Најпрвин маскарата нанесете ја на горните трепки , а потоа без повторно да ја натопите со течност, продолжете на долните трепки. Четкичката држете ја вертикално и лесно поминете по трепките како би постигнале совршен изглед.
Вештачки трепки
Привремените и трајните вештачки трепки се сè повеќе популарни помеѓу жените. За привремените трепки треба повеќе време за да се привикнете на нив, а кога станува збор за трајните трепки стручњаците препорачуваат тие да се обновуваат на секој месец дена. Со вештачките трепки ефектот на големи очи е загарантиран.
Бело моливче за очи
Белото моливче за очи многу помага во визуелно зголемување на очите. Се нанесува во внатрешниот дел на долните капаци. Се препорачува моливчето да биде меко за да не дојде до иритација на окото. За да биде впечатокот поголем по нанесување на бело моливче, нанесете светли нијанси на сенки, меѓутоа само на внатрешните делови на аглите на очните капаци.
Highlighter
Ако не сакате да користите бел молив за очи, имате одлична замена во Highlighter. Откако ќе нанесете сенка, над очните капаци нанесете Highlighter. Размачкајте го за да се „стопи“ со шминката. Сјајот ќе ви ги зголеми очите.
Образи
Немојте да ги заборавите образите. Тие се делот од лицето кое морате да го одржувате постојано. Пазете шминката да не биде премногу остра бидејќи тоа визуелно ќе ве остари. Додека пак лесната и блага шминка на образите може визуелно да ви ги зголеми очите.