Брзото губење на килограмите, освен што не е добро за здравјето, не е добро ни за линијата. Кожата не може да го прати слабеењето и станува млитава. Секогаш подобро е да се слабее постепено и притоа интензивно да се вежба, бидејќи на тој начин на кожата ќе ѝ се врати еластичноста, но ако имате проблем со млитава кожа, прочитајте ги овие совети и вратете се во топ форма.
По слабеењето на кожата ѝ е потребен пилинг, бидејќи на тој начин се подобрува циркулацијата и на кожата ѝ се враќа еластичноста. Експертите се сложуваат дека најдобри се пилинзите на база на морска сол.
Слично како пилинзите, и масажите ја подобруваат циркулацијата, а добриот проток на крвта овозможува полесна апсорпција на кремите кои ја хидрираат кожата.
Јога, дигање тегови, склекови и пиење доволно вода благопријатно делуваат на кожата и ја прават поцврста.
Неопходна е и исхрана богата со протеини кои помагаат во изградување на мускулите.
Масло од рицинус и етерично масло од лаванда се сојузници на убавата кожа, но потребно е секојдневно масирање во кожата.