Внатрешните влакна се честа последица од депилацијата, но проблемот не е во начинот на депилација, туку во тоа дали претходно сте се припремиле за истата. Поради тоа, избегнувајте ги следните грешки за да имате најдобри резултати од депилацијата, да биде безболна и потполно мазна.
Правете и пилинг на кожата
Пилингот е најдобар начин да го спречите растењето на внатрешни влакна, без разлика кој метод го користите за депилација. Ако веќе имате такви влакненца направете лесен пилинг на тие места. Ако користите брич за отстранување на влакната, обавезно после тоа ставете лосион на кожата кој содржи алфа хидроксид киселина, состојка која ја опушта мртвата кожа и помага влакненцата да не останат заробени под неа.
Не го користете бричот наутро
Иако во текот на утринското туширање сите практикуваат да ги средат и своите нозе, може да кажеме дека тоа воопшто не е добра идеа. Во текот на ноќта нозете отекуваат, што значи дека влакната остануваат скриени внатре рано наутро. Па затоа во останатите делови од денот е подобро да ги отстраните влакната.
Не ги бричете нозете додека лежите во топла купка
Топлината иста така влијае врз отекувањето на нозете. Па поради тоа ако мора ова да го направите во топла купка, гледајте барем тоа да биде во текот на првите 10 минути.
Обавезно да се користи крема или пена за бричење
Пената за бричење е многу важно да се користи, бидејќи истата спречува разни иритации, а исто така овозможува и жилетот за бричење да стигне скоро до коренот на влакненцата. Пената нанесете ја спротивно од влакненцата, со цел да ги исправите и по прецизно да ги отстраните.
