Колку индивидуална и различна да е секоја свадба, нема како таа да помине без традиционалните цвеќиња. Во овој посебен ден тие се присутни речиси насекаде – по масите, врз реверите на госите или пак фино наместени во косата на невестата. Но најважните од сите цвеќиња се оние кои го обликуваат бидермаерот на невестата.
А што се однесува до него, може да пројавите фантазија колку што сакате. Секако, убаво е да го приспособите на венчаницата, па да избегнете спојување на една боја.
Погледнете ги фотографиите подолу и нека тие ви дадат инспирација за бидермаерот на вашата свадба.