Ако не верувате дека простор во кој како основа не е користена белата боја може да изгледа свежо, едноставно и елегантно овој ентериер ќе ве разубеди.Светло дрво, боја на праска и нежна боја на ментол се спој кои го прават овој простор опуштен и пријатен. И покрај смиреноста сепак има детали кои даваат импресивен впечаток.

