Braided brows се веѓи што изгледаат како плетенки.

Оваа година, шминкерите не се откажуваат од нашите веѓи! Прво се појавија веѓи во облик на пердув, па бушави веѓи како кај момчињата, а најнов тренд се веѓи што изгледаат како плетенки.

Благодарение на текстурата на плетенка, веѓите изгледаат неверојатно густи и веднаш привлекуваат внимание. За среќа, не мора да имате долги влакненца за да исплетете плетенка, тоа е само 3Д-ефект на цртежот. Шминкањето се врши со бои, сенки, фиксирачки гел и, понекогаш, со вештачки веѓи.


