Motherhood

Никако стоење за време на бременоста!

Физичкиот напор и долгото стоење за време на бременоста може да имаат негативни ефекти и последици во развојот на фетусот.

Жените кои за време на бременоста работеле нешто кое вклучувало долго стоење на нозе родиле деца чии глави биле помали за дури еден сантиметар од просекот. Исто така и тежината на самите бебиња била помала.

Научниците проучувале 4500 трудници за време на нивната бременост и заклучиле дека најчесто помали бебиња раѓале наставнички или продавачки кои долго време стоеле на нозе. Се смета дека во ваквите случаи може да додје и до предвремено пораѓање.

Преголемиот физички напор може да го намали крвниот притисок во матката и плацентата па така да го намали и количеството на кисолрод и хранливи состојки неопходни за развојот на фетусот.

Напиши коментар