Art & Crafts

Од обична маичка до секси топ

Не ги фрлајте старите маички, и од нив може да направите нешто убаво. До сега ви имаме претставено неколку работи кои може да ги направите со маичка, а овој пат ќе ви покажеме како да направите топ кој ќе ви се најде во летните денови.

Поставете ја маичката исправено на работната површина. Со помош на иглички обележете до каде треба да се сече. Внимавајте убаво да ги исечете остатоците од јаката на маичката. Отстранете го вишокот на ткаенина, така што маичката ќе ја исечете во права линија. Закачете ги ракавите за предниот дел со иглички, прексртено. Подрабете ги исечените делови.

Превртете ја маичката наопаку. Сошијте ги ракавите така што ќе ги затворите. Направете процеп од едната страна.

На долниот крај од маичката ставете ластик така што ќе биде стегната и ќе може да стои цврсто во пределот на градите.

Напиши коментар