← НАЗАД НА БОЗА

Опасни ли се енергетските пијалоци?

Опасни ли се енергетските пијалоци?
143 Читања

Тврдат дека енергетските пијалоци даваат на луѓето дополнителна енергија и ги прават поиздржливи и активни. Овие така наречени енергетски стимуланси се продаваат насекаде, но прашањето е дали се безопасни за да бидат толку лесно достапни? Повеќето специјалисти велат НЕ!

Знаете ли што содржат енергетските пијалоци?

Како прво содржат многу кофеин, многу повеќе отколку кафето. Освен тоа големи количини шеќер и растителни стимуланси.

Таурин – аминокиселина која го зголемува ефектот на кофеинот. Оваа киселина се создава и по природен пат во нашиот организам, при што го регулира срцевиот ритам, мускулните контраккции и енергијата во телото. Но со внесување на дополнителна доза таурин се стигнува до дисбаланс на повеќе нивоа.

Гуарана – интересен факт за гуараната е дека содржи три пати повеќе кофеин од кафето.

Жен-шен /ова е растение кое се користи за стимулирање на централниот нервен систем, за зголемување на издржливоста и зголемена секреција на хормони во организмот. Важно е да се знае дека има и странични ефекти како диареја, тахикардија и главоболки.

Освен тоа енергетските пијалоци само додаваат дополнително токсини во нашиот организам и го забавуваат процесот на детоксикација.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk