Ако некогаш сте се запрашале кој хотел има најскапо мени на светот и што тоа нуди , одговорот на ова прашање ви го дава „Хафингтон пост“. Еве список на хотели кои имаат најскапи оброци на светот и кои ретко кој може да си дозволи таков луксуз.
Омлет со јастог
За илјада долари во хотелот Le Parker Meridien ќе ви го понудат најскапиот омлет со јастог. Во една порција одат шест јајца, јастог и речиси 300 грама кавијар Sevruga. За оние кои не се подготвени да „искешираат“ толкава сума пари за еден појадок, постои и половна варијанта – омлет со јајца и јастог и 30 грама кавијар, а сето тоа по цена од 100 долари.
Пијалок од 10.000 долари
Хотелот Algonkvin во својата понуда има пијалок од 10.000 долари! Станува збор за мартини со мраз, но тој не се сервира со маслинка, туку со дијамант. Пијалокот се служи на сребрен послужавник, а келнерот задолжително нос бели ракавици. Доколку сакате да уживате во овој пијалок, морате да го нарачате 72 часа порано.
Хамбургер со црни тартуфи
Најскапиот хамбургер на светот се прави во „Mandalay Bay Resort & Casinu”. Овој хамбургер го осмислил познатиот шеф на кујната Хјуберт Келер, а сите кои ќе го купат добиваат официјална потврда дека го пробале. Хамбургерот се прави од говедско месо со неколку додатоци како што се црни тартуфи, а цената може да достигне и до 5.000 долари за порција ако со него се сервира и врвно вино.
