Дестинации

Ова се најдобрите дестинации за вашето прво брачно патување

Пуст остров е првата асоцијација која се поврзува со романтично брачно патување, но не би било лошо да ги погледнете и овие пет:

Хост – Остров во Хрватска, кој е 120 метри долг и 36 метри широк. Зелено парче земја со светилник кое нуди пријатен престој и на само пет минути со брод. Ви овозможува изолација и уживање во хрватската винска и гастрономска кујна.

Мозамбик – Најдобар начин да го запознаете овој ненаселен егзотичен архипелаг составен од 32 корални острови е пловидба со старински арапски едреник. Оставете да ве понесат полните едра, развеаните палми и огромните желки.

Куковите острови – До оваа фантастична лагуна на југот на Тихиот океан се стигнува со едреник. Притоа, најдобро место за нуркање е на островот Аитутаки. Изобилуваат со романтични песочни плажи, а морето има прекрасна тиркизна боја.

Канада – Романтична вечера со камин и опоен мирис на боровина. Звучи добро? Алгонквин е совршен остров кој се наоѓа на средината на езерото Кававејмог во Онтарио и е достапно само со кану.

Шведска – Испловете од заводливиот Стокхолм со кајак и веслајте низ околниот архипелаг, па лесно и без ничија помош ќе пронајдете повеќе од 30 илјади островца. Дивото кампување во Шведска е легално, па можете да побарате некое интересно местенце, да подигнете шатор и да уживате.

Напиши коментар