Motherhood

Овие работи мора да престанете да ги правите за вашите деца!

Родителите се мошне заштитнички настроени кон своите деца и сакаат да им го направат животот што е можно полесен и посреќен. И тоа е нормално. Тие секогаш ги имаат најдобрите намери, но не сите однесувања на родителите се добри за децата.

Ви прикажуваме шест работи кои родителите не треба да ги прават за своите деца.

Да им гответе што ќе посакаат

Ако сте зготвиле нешто вкусно и здраво за целото семејство, а вашето 5-годишно дете бара нешто друго, најлошото нешто што можете да го направите е да им го зготвите тоа што го сака. На овој начин ги разгалувате децата и тие ќе бидат засекогаш такви. Ако се доволно возрасни сами да си зготват, тогаш е во ред да ги оставите.

Да им ги пишувате домашните задачи

Како родител, можеби мислите дека им помагате на своите деца, бидејќи мора да одат на училиште и имаат навистина голем број на обврски. Но, домашната задача е всушност лекција која тие самите мора да ја напишат. Животот со тек на време станува потежок, а од мали мора да ги научете како да си ги распоредуваат обврските.

Да ги облекувате

Не зборуваме за бебињата, туку за поголемите дечиња кои сакаат денес во градинка да одат со костум за бањање, па им облекувате костум затоа што не сакате да ги карате. Едно истражување од Американската академија на педијатарите покажало дека токму одбирањето на облеката е дел од развојот на детето. Тоа мора да стекне навика и знаење која облека за каде е.

Да им го организирате денот

Секој родител сака неговото дете да е талентирано и добро во некои работи, но внесувајќи му многу активности и планирање на денот може да не биде толку добро. Важно е да разберете дека детето кога ужива во нешто – го прави тоа. Дајте му простор да си донесе своја одлука дали сака да свири на пијано или да игра тенис.

Да чистите после нив

Знаеме дека е многу побрзо и полесно ако вие самите исчистите по нередот кој го направило вашето дете, отколку да му викате самото да среди. Но, ова е важна лекција за децата, па колку и да ви изгледа стресна, секогаш мора да им кажувате на вашите деца да средуваат по нив. Нека помагаат во домашните обврски уште од мали нозе.

Да им ги решавате сите проблеми

Можеби ова е една од најчестите грешки кои ги прават родителите. Се обидуваат да им ги решат сите проблеми и да им ги тргнат грижите од глава. Но, многу е важно децата да имаат свои недоразбирања и да разговараат за тоа со родителите. На овој начин ќе научат како да си искажуваат мислење и да се спротивстават на друго.

Напиши коментар