Art & Crafts

Пет начини на кои може да го искористите фенот

Дознајте како сè можете да го искористите фенот низ домот…

Одвојте ги сликите од албумот

Деликатната фотографија одвојте ја од лепливата површина на албумот со тоа што ќе ја загреете со топлиот воздух, истовремено пополека извлекувајќи ја.

Отстранете ја прашината на тешко достапите места

Подесете го фенот да дува ладен воздух и насочете го кон тешко достапните места како што се ситните и деликатни сувенири и други ситници на полицата и раздувајте ја прашината од нив.

Израмнете ги завесите за туширање

Материјалот од завесите за туширање дувајте ги со топлиот воздух од фенот за да ги испеглате нерамнините. Само, фенот држете го на 30 см од завесата за да не се стопи од преголемата топлина.

Совршена глазура или фондан

За брзо сушење на глазурата или фонданот од тортите и колачите, пуштете го фенот да дува со ладен воздух и насочете го кон нив.

Исчистете ги трагите од креон или восок 

Вклучете го фенот на најтопло и дувајте кон креонот или восокот сè додека не почне да се топи. Додека е растечен, со насапунет сунѓер избришете ја површината.

Write A Comment