Состојки:
- 500 гр пилешко филе
- 2 јајца
- 100 гр презла
- 40 гр сусам
- 100 гр брашно
- сол
- масло
- чепкалки
Начин на подготовка:
Пилешкото месо измијте го и исечете го на ленти со големина по желба. Секоја лента посолете ја по вкус.
Во еден сад разматете јајца, а во друг ставете брашно, додека во трет измешајте презла и сусам.
Секоја лента извалкајте ја во брашно, па во јајца и на крај во презла и сусам. Од парчињата месо направете кругови и спојте ги со чепкалки.
Пржете ги на врело масло од двете страни да добијат жолта боја.
Похованите пилешки прстени ставете ги на салфета. Кога ќе се изладат, извадете ги чепкалките и сервирајте.