Потребно е:
- Бело пилешко месо 500гр.
- Кремсир 100гр.
- Бел лук во прав(1 кесичка) или 3 челиња свеж
- Тенко сечена димена сланина 300гр.
- Сол, бибер по вкус
Подготовка:
Со готварски чекан припремете ги шницлите од белото месо и ставете бибер по вкус. Во кремсирот додадете го лукот (ако е свеж лукот стино исецкајте го). Премачкајте го месото на една страна со кремсирот, а пота завиткајте го.
Парчињата сланина замотајте ги околу веќе направените ролатчиња од месо и наредете ги во подмачкан плех. Печете ги околу 20-25 минути или додека сланината не порумени во загреана рерна, на температура од 200C.
Сервирајте со варен компри, боранија или гарнир по желба.