Доколку сте расположени за малку поинаков вкус, подгответе го овој рецепт.
Потребни состојки:
– едно пиле
– ¾ шолја шеќер
– ¾ шолја соја сос
– 1 лажица ѓумбир
– 1 мала лажичка чили
– 2 чениња лук
Подготовка:
Исчистете го пилето и пресечете го на половина. Со пресечената страна ставете го во тава за печење.
Шеќерот, соја сосот, ѓумбирот, лукот и чилито убаво измиксирајте ги, најдобро е тоа да го направите со блендер. Со добиената смеса прелијте го пилето и оставете го во фрижидер да стои три часа.
Потоа ставете ја тавата во загреана рерна на 180 степени. Шечете околу еден час или додека пилето не зарумени. Важно е да го вртите месото додека се пече, само внимавајте да не ја оставите рерната премногу долго отворена.
Откако ќе се испече пресечете го на парчиња. Може да гопосолите со сусам и да го послужите со ориз.
