Драги мама и тато…
Јас знам дека Вие сте паметни луѓе и дека секој ден ме учите на нешто ново, но со оглед дека јас знам да Ве слушам, а Вие мене… не секогаш, јас одлучив да Ви напишам писмо…
Верувале или не… и јас би сакал да Ве научам на некои работи и да Ве потсетам дека и Вие некогаш сте биле деца…
1. Најважно !!! … Престанете да искажувате бес кога ќе направам неред…
Време за чистење може да се најде, но ќе постои ли средна прилика кога ќе правиме „ ручек од кал “ ??? … Зар Вие пораснавте без да имате калливи рачиња ??? Знам дека не !
2. Сакајте ме и кога сум „безобразен“ !!!
А што би можел да бидам во времето кога дознавам што значи да се биде безобразен. Погледнете се и утврдете го Вашиот „ образ “… секогаш да се вадите со фактот дека сум, по малку немирен… Сепак, кога друг пат ќе ја имам оваа возраст ?
3. Бидете стрпливи !!!
Полека… Јас се правам со причина, но не знам доволно зборови, за да можам тоа секогаш да Ви го објаснам …
4. Пуштете ме некои работи да ги направам сам !!!
Знам дека Вие секогаш можете сé… Дозволете и јас да се почувствувам дека нешто можам сам!
5. Не очекувајте премногу од мене !!!
Јас сакам да го направам она што го барате и сакам да бидете среќни, но јас сум мал…
6. Не сакам сериозни разговори !!!
Кога сум бесен, тоа ми е доволно… Едноставно, од сопственото вриштење не можам да Ве слушнам…
7. Исполнете ги своите ветувања !!!
Сé е во довербата. Кога ќе бидам тинејџер…размислете дека некои работи, се вртат во круг. Ќе Ви враќам во иста мера…
8. Престанете да ме испрашувате „ Дали сум бил добар “?
Не сум ни сигурен што точно тоа значи, но ако сум бил добар…тоа нема да Ви го признаам !
9. Не дозволувајте да мислам дека сте совршени !!!
Многу подобро се чувствувам кога знам дека не сум единствен што греши.
10. Слободно кажете ми ДОСТА !!!
Јас искрено не можам да го изедам целиот сладолед, само ги пробувам границите до каде ќе можам да одолеам…
Сепак, после се… Ви признавам дека Ве сакам, Ви благодарам што ме прифаќате таков како што сум,
Вашето сакано дете