Мојата кујна

Плазма торта со вишни

Состојки:

500мл слатка павлака

300мл шлаг пена

1 кисела павлака

200г класични плазма бисквити

0,5кг вишни

0,5л млеко

1 ред чоколадо за готвење

Подготовкa:

Изматете ја слатката павлака. Изматете и 200 грама шлаг со 2 дл млеко и во оваа смеса додадете ја киселата павлака. Сето ова соединете го и поделете го на два дела, па во едниот дел ставете 300 грама мелени плазма бисквити.

Плазма бисквитите натопете ги во млеко и наредете ги во плех. Потоа истурете ја половина од смесата, вишните, па другата половина од смесата и на крај филувајте со остатокот од изматениот шлаг. Добар апетит!

Напиши коментар