Убавина

Подгответе се за новата техника на бојадисување прамени наречена babylights

Подгответе се за новата техника на бојадисување прамени наречена babylights, шатирање кое наликува на бебешки прамени и со тоа изгледа најприродно од сите трендовски прамени што се појавија во последните години како омбре, бронд, бајлаж, сомбре… Babylights се всушност нежни прамени кои треба да потсетуваат на природната бебешка боја на коса, што особено доаѓа до израз во лето кога под дејство на сонцето осветлуваат врвовите на косата и прамените околу лицето.

Пред и после бојадисување со babylights техниката2

Овие babylights прамените изгледаат доста природно и суптилно и фризерите ги прават со помош на постапка која различна од класичното омбре или техниката на бајлаж во кои бојта се нанесува на голем дел од косата, слободно со рака. Кај babylights се бојадисува мал дел, со извлекување на прамени на фолија и бојата се нанесува точно на одреден дел од косата. Поради тоа изгедаат нежно и суптилно, а новата техника е на пат да стане тренд.

babylights3_840_472

babylights4_840_472

babylights5_840_472

 

Напиши коментар