← НАЗАД НА БОЗА

Погледнете како изгледа најскапата куќа во Европа

Погледнете како изгледа најскапата куќа во Европа
511 Читања

„Палата балонче“ е популарното име за куќата во Кан, која воедно е и најскапата куќа во Европа. Името е јасно бидејќи првиот поглед на куќата остава впечаток кај секого – футуристичката куќа од далеку изгледа како куп од меурчиња.

najskuplja-kuca-u-evropi-1471248524-94286

Изградена е за славниот моден дизајнер Пјер Карден, кој можел да ужива во 10 спални соби и голема дневна соба, како и во пространи градини заедно со базени и езерца.

Но, за да станете сопственик на тој имот треба да бидете меѓу екстремно богатите, бидејќи вредноста на куќата е 455 милиони долари.

Куќата ја дизајнирал унгарскиот архитект Анти Ловаг, а се градела од 1975 до 1989 година. Имотот повеќе изгледа како село, отколку како куќа.

Големата дневна соба потсетува на некој сет од научно-фантастичните филмови, а дури и мебелот за седење е кружен.

Во една од бањите, кои изгледаат како спа-центри, мијалникот и кадата се тркалезни, а во куќата тешко е да се најде една рамна линија.

Кога ќе излезете од куќата, ќе ве пречекаат градини кои се протегаат на повеќе од 3.500 квадратни метри, а во нив има неколку базени и езерца.

Драматичниот стил на куќата и целиот имот го нагласува и сопствениот театар со 500 седишта за разни манифестации и концерти со импресивен поглед на морето.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk