Дали малку или многу, но доаѓа момент во кој навистина почнуваме да личиме на нашите мајки. Во принцип тоа се случува подсвесно и не секогаш можеме да го забележиме. Сличноста освен во интонацијата и однесувањето се изразува и во ставот за животот и љубовните односи. Но, колку и да си ги сакаме мајките треба да признаеме дека во повеќето случаи, нивниот однос и разбирање за заедничкиот живот со маж е погрешно! Не за друго, едноставно тие живееле во различни времиња со различни сваќања. Па погледнете какво однесување не треба да прифаќаме од нашите мајки.
Остани заради децата
Ако пред многу години да си самохрана мајка беше срамно, сега работите не стојат така! Никогаш немојте да се жртвувате, останувајќи во болна и несреќна врска само заради децата.
Твоите потреби не се важни
Оваа смешна саможртва е типична за повеќето мајки. Тие имаат тенденција да се игнорираат себе си и своите желби во целост само за да им угодат на сите во семејството. Не е кажано дека треба да сме супер егоисти, но пак не треба да се плашиме да ги кажуваме потребите на глас.
Војувај со мажот
Смело можеме да ја окарактеризираме оваа “лекција” како погрешна. Веројатно сте забележале како вашите родители се караат како куче и мачка и како гледаат на другиот како “пречка”, што треба да ја надминат по пат? Сигурно сте слушнале: “Не му кажувај на татко ти дека…” Не живејте со мислата дека тоа се нормални брачни односи. Всушност, сопружниците треба да бидат тим! Да се поддржуваат и да се разбираат, дури и кога некој од нив не е во право.
Не може да излезеш, треба да си го чуваш детето
Всушност нормално е кога си имате детенце, забавата и чисто личните потреби да одат во заден план. Не се чувствувајте виниовни да го оставите детето кај некоја од бабите и да излезете малку со своите пријатели. Тоа во никој случај не ве прави неодговорна мајка!