Состојки:
– 6 багети (или поголеми кифли)
– 5 јајца
– 1/3 шолја павлака за готвење
– 140 гр сланина
– 90 гр кашкавал
– 3 лукчиња, ситно исечкани
– 2 чешниња кромид, изгмечени
– Сол и бибер
Подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200 степени. Издлабете ги багетите на средината, се до корката на лебот.
- Јајцата и павлаката изматете ги заедно.
- Сланината испечете ја (без масло), да биде крцкава.
- Кашкавалот изрендајте го и додадете го во смесата од јајца и павлака. Потоа на ред доаѓа и лукот.
- Откако добро ќе ја измешате смесата, рамномерно сипете ја во издлабениот леб, па ставете го на тепсија. Печете половина час, додека не добие златеста боја.