ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
*6 домати со средна големина (да не се презреани)
*200гр сирење
*2 јаца
*кашкавал
*црни маслинки
*зејтин
*оригано
*црн пипер
*лук
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Одстранете го капакот на секој домат и издлабете ја средината. Потоа ставте ја извадената доматена смеса во тава и ставете ја на оган да се згусне.

Изматете ги оделно јајцата со сирењето, додадете малку маслиново масло, лук, исецкани маслинки и оригано. Се убаво измешајте и на крајот додадете го сосот од домати. Со оваа смеса наполнете ги доматите и ставете ги во рерна да се запечат на 180 степени. Кон крајот посипете ги со рендан кашкавал.
