← НАЗАД НА БОЗА

Полнети домати за еден здрав и лесен ручек

Полнети домати за еден здрав и лесен ручек
203 Читања

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

*6  домати со средна големина (да не се презреани)

*200гр сирење

*2 јаца

*кашкавал

*црни маслинки

*зејтин

*оригано

*црн пипер

*лук

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Одстранете го капакот на секој домат и издлабете ја средината. Потоа ставте ја извадената доматена смеса во тава и ставете ја на оган да се згусне.

Изматете ги оделно јајцата со сирењето, додадете малку маслиново масло, лук, исецкани маслинки и оригано. Се убаво измешајте и на крајот додадете го сосот од домати. Со оваа смеса наполнете ги доматите и ставете ги во рерна да се запечат на 180 степени. Кон крајот посипете ги со рендан кашкавал.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk