Состојки:
- 750 гр брашно
- 4 лажици шеќер
- 5 дл млеко
- 1 коцка свеж квасец
- 1 јајце
- 1 жолчка
- 100 гр шеќер
- 100 гр џем од сливи
- масло за пржење
Начин на подготовка:
Во млеко разматете квасец и лажичка шеќер, малку брашно и оставете да нарасне. Во меѓувреме разматете јајце со останатиот шеќер, жолчката и млекото, додајте брашно и сол.
Тестото замесете со постепено додавање масло. Оставете го да нарасне, потоа тестото уште еднаш премесете го, растегнете го на половина сантиметар и вадете кругови со чаша.
На секој круг ставајте по малку џем, па поклопете го со друг круг, притискајќи ги рабовите. Оставете ги крофните уште да нараснат, па пржете ги во длабоко масло. Кога ќе бидат готови посипете ги со шеќер.
На здравје!