Едноставен, тотално оригинален декор за вечерна забава и романтична вечер со партнерот.
Тоа што е апсолутно неверојатно е фактот што за оваа свеќа нема да Ви е потребно ниту восок ниту фитиљ!!!
Се што Ви е потребно е :
Еден портокал
Маслиново масло
Нож
Запалка

Начинот како да ја направите оваа неверојатно практична свеќа е премногу лесен, без вложување на поголем труд …
Трае повеќе од 3 часа… а за да ја подготвите се потребни не повеќе од 3 минути…
Погледнете како…


Тука е потребно да се внимава на средишниот дел на портокалот. Потрудете се да го отстраните од срцевината на портокалот без да го оштетите.

Користете исклучиво маслиново масло.
И свеќата е готова !!!
Совет :
За поголемо задоволство во маслиновото масло можете да капнете неколку капки од Вашето омилено етерично масло.

