Мојата кујна

ПОСНА ПАШТЕТА: Брз намаз од туна

Состојки:

  • 2 конзерви туна
  • 1 главица кромид
  • 3 варени компири
  • 3 кисели краставици
  • сол

Начин на подготовка:

Туната исцедете ја од масло, кромидот ситно исечкајте го, варениот компир изрендајте го, а магдоносот исечкајте го.

Сè соединете, добро измешајте, па додајте ситно сечкани краставици. Посолете по потреба.

Совет плус: Мачкајте на препечен леб.

Напиши коментар