Мислевте дека идеалното има лимит ? Овој дом го докажува спротивното…
Архитектите од „ Метрополис дизајн “, претставија извонреден проект на Спа куќа. Овој мултифункционален објект со станбен простор и простор за дневен престој се наоѓа во Кејптаун, Јужна Африка.
Мистичната локација која се наоѓа на рид, овозможува екстремно убав поглед кон заливот. Преубавото природно опкружување ги инспирирало архитектите да го направат овој центар кој совршено ќе се вклопи во природните убавини.
Клиентот за кој е направен овој проект, сакал овој проект да служи за рекреација и забава. Во објектот има спална соба, дневна соба, трпезарија, кујна, базен и Спа центар…