ШоуБиз

Повторно на одвикнување: Познатата глумица доживеала нервен слом

Ѕвездата на серијата “Мелроуз плејс” Хедер Локлир нема да ги памети празниците по убави случувања.

Глумицата доживеала нервен слом, по што завршила во приватната клиника “Клифсајд Малибу” каде веднаш била вклучена во програма за детоксикација.

-Кога ја донесоа беше пијана и издрогирана. Плачеше и викаше.Беше во навистина лоша состојба – говори добро упатен извор.

Хедер е изолирана заедно со уште два пациенти, а од собата смее да излегува само кога оди на терапија.

Хедер со години се бори со зависноста. На одвикнување беше и во 2008мата година кога ја уапсиле поради возење под влијание на лекови, а две години подоцна сестра и ја пронашла без свест откако измешала апчиња и алкохол. По тој инцидент некое време била и на психијатрија.

 

Напиши коментар