Кога треба да ги чистите прозорците сигурно ви е потребно многу време за да започнете со чистење. За полесно и побрзо да ги исчистите прозорците пронајдовме за вас неколку совети.
Ако на прозорецот имате завеси или венецијан-ролетни, потребно е да ги извадите и посебно да ги исперете.
За миење на прозорците можете да користите веќе готови средства за чистење прозорци или самите да си направите средство. Во канта ставете врела вода и додајте малку детергент, најдобро за садови. Потоа со сунѓереста крпа со кружни движења поминете ги прозорците. За да добиете подобри резултати во водата во која ги чистите прозорците ставете малку алкохол.
Откако сте ги измиле прозорците со сунѓереста крпа, пребришете ги со хартиена крпа за да не ви останат влакненца од крпата. За вашите прозорци да блескаат користете средство за миење стакла со кое ќе ги напрскате прозорците, а потоа добро ќе ги избришете со хартиена крпа.
Рамката на прозорецот исто така треба да се исчисти и тоа со соодветно средство за чистење во зависност дали е од дрво или од пластика. Ако рамките се од алуминиум или некој друг метален материјал, користете средство што нема да ги оштети.
На крајот на прозорците вратете ги завесите или венецијан-ролетните, кои претходно сте ги исчистиле и уживајте во чистиот поглед кон надворешниот свет.