Убавина

Правете го ова неколку недели и лицето ќе ви биде совршено!

Кожата на лицето е невозможно потполно да се исчисти со козметика, но може доколку го применувате овој стар метод за грижа на лицето, кој речиси наполно сме го заборавиле.

За да ги отворите порите, поставете ја главата под крпа и стојте над врела вода неколку минути. Но бидете внимателни, не треба да се доближувате многу, за да не го изгорите лицето.

Следниот чекор е да го прочистите лицето. Резултатот ќе биде многу поголем, тогаш кога порите се “отворени”.

Овој метод е исклучително полезен, дури и древните римјани го користеле.

Ползите се многубројни – ги отвара порите на лицето, помага при акни и дава свеж тен, затоа што го подобрува крвототкот.

Еве зошто, во растојание од две недели, прочистувајте го лицето на следниот начин:

Најпрво исчистете го лицето од шминката на вообичаен начин. Сварете вода во поголем сад и над неа држете го лицето. Ставете голема крпа и стојте така неколку минути. Ако сакате, во водата може да додадете и некој смирувачки чај, како камилица. Потоа измијте се со студена вода и нанесете крем.

Write A Comment