← НАЗАД НА БОЗА

Празна Пита со Јогурт

Празна Пита со Јогурт
392 Читања

Едноставна и ефтина пита одлична за појадок или вечера.

Состојки:

Јогурт 500мл

5 Јајца

Сол една лажичка

Кори за пита 500гр

Масло 100 мл

Вода 100 мл

Една кесичка прашок за пециво

Припрема:

Изматете 4 јајца со сол па додадете го јогуртот, маслото и водата и повторно добро промешајте.На крај додадете го прашокот за пециво.

Уклучете ја рерната на 200 степени.На дното од сад за печење ставете две кори. Сите останати кори ставете ги во форма на лепеза на ширина од два прста.Преку две кори во садот ставете ги лепезите едно до друга.

Прелијте се со изматената смеса а неколку лажици тргнете на страна.Распоредете ја смесата рамномерно. Изматете ги останатите лажици од смесата со едно јајце и прелијте одозгора.

Печете додека не зарумени и послужете ја топла со јогурт или кисело млеко.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk